Диви животни
Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.
Дивеч
Дивеч — животно ловено за храна или кое не е домашно животно (како срнешко). Дивечот се лови и од спорт.
Видовите и опсегот на животни кои се ловат како дивел се разликува во различните делови на светот. Тука, факторите на влијание се климата, животинскиот диверзитет, локалниот вкус и локално прифатениот став за тоа што може, а што не може законски да се лови. Понекогаш се прави разлика и помеѓу видовите на едно животно, како дива и домашна мисирка.
Дивеч по регион
Ве некои земји дивечот се класификува во зависност од потребната дозвола за негово ловење, како ситен дивеч и крупен дивеч. Во ситниот дивеч спаѓаат мали животни и птици, како што се зајакот, фазанот, гулабот, гуската и патката. Со дозволата за ситен дивеч можат да се ловат сите такви животни но е предмет на дневни и годишни бројчени ограничувања. Во крупниот дивеч спаѓаат животни како срна, мечка и лос и обично за секое животно треба посебна дозвола. Голем дивеч понекогаш значи исто што и крупен дивеч, но во други контексти значи, големи африкански цицачи (како слонот) кои се ловат главно за трофеј, а не за храна.
No comments:
Post a Comment